Обамејанг не може назад во Барселона?

После потпишувањето на Жоао Феликс, и можното одење на Мемфис Депај во Атлетико Мадрид, се шпекулираше дека Барселона ќе го врати Пјер-Емерик Обамејанг назад за да го потполни местото на Депај.

Меѓутоа веројатно Габонецот нема да се врати на Ноу Камп, барем не оваа сезона поради правило во шпанската Ла Лига. Шпанците не дозволуваат еден играч да биде регистриран трипати, па напаѓачот со тоа би немал право да се врати во Шпанија.

Евентуално Обамејанг може да најде ангажман на друго место. Тој замина во Челси на почетокот на оваа сезона за сума од 12 милиони евра. Претходно беше дел од Борусија Дортмунд и Арсенал.

Се вчитува...