Обамејанг прифати – уште три години во Арсенал

Навивачите на Арсенал имаат причина за оптимизам гледајќи кон иднината, „топчиите“ го освоија трофејот во ФА Купот, се наоѓаат пред потпис со Вилијан од Челси, а воедно се на добар пат да го задржат и Пјер Емерик Обамејанг.

Габонскиот голгетер беше најзаслужен за успехот во ФА Купот, постигнувајќи по два гола во полуфиналето со Манчестер Сити и во големото финале против Челси, но „топчиите“ имаа причина за стравување бидејќи договорот на 31-годишниот напаѓач истекува следното лето. Преговорите траеја речиси цела година, за Обамејанг конечно да ги прифати понудените услови.

Весникот „Телеграф’ тврди дека Габонецот прифатил неделна плата од 250.000 фунти плус богати бонуси, но пресудно во преговорите било што Арсенал покажал амбиции да состави моќен тим со кој ќе атакува на место во ЛШ. Трансферот на Вилијан е пред реализација, „топчиите“ се во сериозни преговори со Барселона за Кутињо, а за засилување на одбраната се преговара со Габриел од Лил.

Пјер Емерик Обамејанг е член на Арсенал од јануари 2018 година, постигнувајќи 70 гола на 109 натпревари во дрессот на „топчиите“.

Се вчитува...