Обамејанг со ултиматум: Ги соопшти своите услови, на потег е Арсенал!

Арсенал, безусловно, посакува да го задржи Обамејанг во своите редови и во иднина. Иако, се уште не е познато дали ќе остане во клубот. Актуелниот договор му завршува во јуни следната година.

Според актуелните услови Обамејанг во Арсенал заработува 180.000 фунти неделно, а ЕСПН открива дека сега ултимативно побарал нов договор за да остане во клубот. Иако има 31 година, Габонецот од Арсенал бара нов тригодишен договор според кој неделно ќе заработува 250.000 фунти.

Па, сега топката е префрлена кон челниците на „топчиите“. Сосема е јасно дека Артета сака да го задржи својот најдобар фудбалер кој моментално е прв стрелец во Премиерлигата.

Се вчитува...