Обамејанг урна рекорд на Тјери Анри во Премиерлигата

Пјер-Емерик Обамејанг го собори рекордот на Тјери Анри запишувајќи се во аналите како фудбалер на Арсенал кој најбрзо стигнал до 50 гола во Премиерлигата.

Напаѓачот од Габон постигна два гола во вчерашната победа на Арсенал од 4-0 против Норвич и на тој начин дојде до 51 гол во Премиерлигата. Тој за четири меча го надмина рекордот на Анри, на кого му требаа 83 натпревари да дојде до бројката од 50 гола.

А, ако се компарира на ниво на целата Премиерлига, Обамејанг е на шестото место. На првото место е Енди Кол, поранешниот офанзивец на Њукасл и Манчестер јунајтед, на кого за 50 гола во Премиерлигата му беа неопходни 65 натпревари.

Се вчитува...