Обамејанг во јануари си заминува од Дортмунд

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се наоѓа во огромна резултатска криза, а не успеа да победи ниту на дербито против Шалке 04, иако имаше неверојатно водство од 4-0. Но, на крајот дуелот заврши 4-4, и тоа дефинитивно ги разочара и фановите и фудбалерите на „милионерите“. Прв на удар секако е тренерот Питер Бош, но веќе подолг период незадоволен на „Сигнал Идуна парк“ е Габонецот Пјер-Емерик Обамејанг. Тој по последните лоши резултати размислува да си замине веќе во јануари.

За него постои интерес од неколку големи европски клубови, Манчестер сити, ПСЖ, Милан, а негова дамнешна желба е да се пресели во Реал Мадрид. Борусија Дортмунд најверојатно ќе одлучи да го продаде во зимскиот преоден рок, а неговата цена се очекува да биде околу 70 милиони евра.

Се вчитува...