Обамејанг заминува од „Стемфорд Бриџ“ по само пет месеци?

Пјер Емерик Обамејанг пристигна во Челси како големо засилување за нападот при самиот крај на летниот трансфер рок, но би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ веќе оваа зима, пренесуваат англиските медиуми. Габонецот го облече „синиот“ дрес во ерата на Томас Тухел, а не се поклопува во филозофијата на Грем Потер.

Неговата минутажа е се помала, тој веќе извесно време не е во првиот тим, а самото тоа се поголемо е незадоволството и кај 33-годишниот голгетер кој сака да се врати назад во Шпанија.

Атлетико Мадрид сака да го ангажира Габонецот, но проблем претставуваат ФИФА-регулативите кои забрануваат еден играч во иста сезона да настапува за три различни клубови. Поради ова, како опција се споменува враќање назад во Барселона, но за тоа да се случи каталонците ќе треба прво да се ослободат од Мемфис Депај.

Се вчитува...