Објавата на Л’Екип за договорот на Меси ги налути парижани: Тоа се лаги кои се недозволиви!

Угледниот „Л’Екип“ вчера ги откри деталите од договорот кој Меси го има со ПСЖ. Податоците изгледаат помалку неверојатни, а според нив доколку Аргентинецот остане во редовите на „светците“ три години, ќе заработи 110 милиони евра нето.

Сепак оваа објава денеска ја демантираше парискиот клуб кој вели дека Меси има договор од две години, некои детали од договорот се доверливи, а лагите кои се шират во медиумите се недозволиви.

„Меси има договор на две, а не на три години. Се што беше наведено е далеку од вистината и тоа е недозволиво. Објавата е знак на непочит кон нас како клуб и тоа мораат сите да го знаат. Постојат детали во договорот кои се доверливи, а информациите кои ги објави овој медиум се лажни“, изјави спортскиот директор на клубот, Леонардо.

Се вчитува...