Објавен календарот за 2023 година во Формула 1 со рекордни 24 трки

Раководството на Формула 1, денеска го објави календарот за следната 2023 година, во која се рекордни 24 трки. Во натпреварувачката програма нови трки се во Лас Вегас, како и трката во Кина која после три години пауза се враќа во календарот. Календарот бил одобрен од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и Советот на светскиот мото спорт.

Сезоната почнува на 5. март во Бахраин, две недели подоцна во Саудиска Арабија, а 2. април во Австралија. Циклусот завршува во Абу Даби на 26. ноември.

„Присуство на 24 трки во календарот на Формула 1 2023 година е дополнителен доказ на растот и привлечноста на спортот на глобално ниво. Додавањето на нови трки и задржувањето на традиционалните места покажува дека ФИА добро управува со спортот“, наведе претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулами.

Се вчитува...