Објавени платите во Барселона: Меси е прв, а зад него…

Шпанските клубови покренаа иницијатива за намалување на платите на сите фудбалери додека трае паузата од натпреварување поради коронавирусот. Не се знае кога повторно ќе бидат создадени услови за играње фудбал, но јасно е дека играчите нема да ги добијат во целост парите предвидени со договорите за оваа сезона.

Барса веќе контактираше со своите фудбалери нудејќи решение за одредено намалување на платите, а во меѓувреме беше објавена и листата со заработувачката на сите играчи на каталонскиот гигант.

На врвот сосема очекувано е Лионел Меси, кој со 40 милиони евра по сезона е најплатен фудбалер во светот на фудбалот. Второто место му припаѓа на Антоан Гризман, кој заработува 18 милиони евра годишно по трансферот од Атлетико. Сепак, челниците на Барса не се задоволни од настапите на скапото засилување, па Гризман би можел да биде продаден во текот на летниот преоден рок. Зад Гризман се наоѓа Луис Суарез со заработувачка од 16 милиони евра по сезона, Дембеле добива 12 милиони евра годишно од Барса, два милиони повеќе од Френки де Јонг.

Следат шпанските репрезентативци Бускетс (девет милиони), Алба и Пике (по 8,5 милиони евра), а иста сума како дефанзивците добива и Иван Ракитиќ, кој летово дефинитивно ќе си замине од „Камп Ноу“.

Се вчитува...