Облог за паметење – се чека гол на Панама за 660.000 фунти

Британските обложувалници се „крстат“ во одбраната на Тунис на вечерашниот натпревар за да не треба да исплатат огромна добивка на неколку обложувачи, во вредност од над 660.000 фунти.

Во неколку обложувалниците беше понуден интересен облог, сите репрезентации да постигнат најмалку по два гола во групната фаза, за коефициент од 225. Квотата изгледа многу примамливо, па неколкумина си ја пробаа среќата и сега се наоѓаат на работ на огромна добивка.

Претпоследна пречка на патот до добивката беше Полска, но голот за триумф над Јапонија ги донесе обложувачите на само еден чекор до „премијата“.

Мечот меѓу Тунис и Панама нема никакво значење кога станува збор за битката за патници во осминафиналето, па останува да се види дали Панамците ќе успеат да го постигнат својот втор гол на мундијалот, по оној на дуелот со Англија.

Се вчитува...