По исплатата на најголемата добивка од спортско обложување на ниво на Европа, маркетинг директорот на Моцарт – Васко Илијевски во неодамнешното интервју зборува за десетгодишното успешно работење на компанијата во Македонија.
Континуираниот раст на Моцарт на македонскиот пазар е евидентен имајќи го предвид фактот дека во моментов компанијата на над 100 уплатни места вработува повеќе од 400 луѓе и тој број во континуитет расте. За сериозниот импакт што успешното работење на компанијата Моцарт го има врз економијата на државата говори и сумата од околу 28 милиони денари годишно што се плаќаат кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување, како и во буџетот на РМ по основ на персонален данок за сите вработени. Од аспект на директниот придонес кон буџетот на РМ по основ на даноци, посебна давачка за игри на среќа и паушали за обезбедување на лиценца за работа, компанијата придонесува со преку 250 милиони денари на годишно ниво.
Во континуитет изминативе десет години преку донации на трофејни клубови во помалку популарните спортови компанијата ја манифестираше својата одлучност во спроведување на стратегијата за општествена одговорност. Во таа насока е и најавата на следните проекти кои претставуваат пресликување на еден успешен проект од Србија.
Васко Илијевски во интервјуто ја најавува иницијативата за адаптација и реновирање на ракометни игралишта низ Македонија кои ќе останат на користење на најмладите генерации.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА