Обрадовиќ: Атмосферата во финалето? Стандардно навреди

Црвена Звезда го одбрани домашниот терен во првиот финален натпревар во АБА лигата славејќи со 85-82 против Партизан во драматична завршница во која пресудија слободните фрлања.

Тренерот на Партизна, Жељко Обрадовиќ по мечот изјави дека убаво било тоа што „Пионир“ бил полн, но и дека повторно си ги имало стандардните навреди.

„Атмосферата? Веќе сме навикнати на тоа. Стандардни навреди, но веќе сме навикнати на тоа. Вака сликата беше убава затоа што салата беше исполнета до последното место. Извонреден натпревар во кој решија деталите, и честитам на Звезда за победата. Горд сум на прикажаното на паркетот, тоа им го кажав на момците во соблекувалната. Продолжуваме да се бориме. Ако на крајот од натпреварот, во последниот напад, часовникот застане, тоа не е нормално и некој треба да се погрижи за тоа“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...