Обрадовиќ: Еурофарм Пелистер е клуб со традиција, знам дека Битола живее за ракомет

Немања Обрадовиќ е едно од најновите засилувања на Еурофарм Пелистер, откако српскиот бек по неколкугодишна пауза се враќа назад во мак-ракометот, каде претходно со голем успех го носеше дресот на Металург.

Тој полн со оптимизам влегува во подготовките за наредната сезона, најавувајќи дека „пелистерци“ се подготвени да направат уште еден чекор напред во битката за трофеи.

„Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари. Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...