Обрадовиќ го најави вечното дерби: Ќе видиме какво ќе биде судењето

Партизан и Црвена Звезда очекувано ја потврдија фаворитската улога и ќе си ги одмерат силите во големото финале во Купот на Србија кој стандардно се одржува во Ниш.

„Црно-белите“ до место во финалето се изборија со убедливи триумфи над Војводина и Мега, а во финалето влегуваат во подредена улога, барем според искусниот стратег Жељко Обрадовиќ кој фаворитската улога му ја додели на вечниот ривал.

„Звезда е многу искусна екипа со играчи кои освоиле многу трофеи. Сепак тоа не значи дека ние нема да дадеме се од себе“, изјави Обрадвоиќ кој не е презадоволен со распоредот на натпреварите.

„Ајде, пробајте да најдете уште еден Куп во Европа каде еден тим играч три дена по ред. Апсолутно се е на страна на Звезда, ждерпката беше таква што да правиме“

Обрадовиќ се осврна и на судиите кои често се наоѓаат во центарот на вниманието кога се среќаваат големите ривали.

Ќе видиме какво ќе биде судењето“, изјави искусниот стратег повикувајќи се на контроверзниот натпревар помеѓу Спартак и Војводина.

„Никој никогаш не направи подобро отколју Спартак со една слика и објава, а ние треба да говориме за пасоши. Мораме да имаме доверба во судиите, а за секој натпревар играчите се подготвуваат исто, фокусирани се на својата задача. Не постои никаква специјална психичка подготовка за дерби“

Се вчитува...