Обрадовиќ го одбил подарокот од Партизан?

Жељко Обрадовиќ имаше емотивен дочек во белградска „Арена“ каде вечерва доаѓа како тренер на Панатинаикос на мегдан со „неговиот“ Партизан, но пред мечот го одбил предлогот на управата на „црно-белите“.

Навивачите со скандирање „Жељко Обрадовиќ“ го дочекаа човек кој до минатата сезона седеше на клупата на Партизан, а клубот како најава му подготви видео посветено на најтрофејниот европски тренер.

Управата за Партизан имала и уште едно изненадување, специјално изработена фотографија на која пишувало „Засекогаш“, но според српските медиуми, Обрадовиќ го одбил подарокот.

 

 

Се вчитува...