Обрадовиќ: Не знам што ни се случи во таа кобна трета четвртина

Саша Обрадовиќ беше видно разочаран по поразот на неговиот тим од Олимпијакос во првото полуфинале од фајналфор турнирот во Каунас. Монако делуваше во тотална контрола во првото полувреме, на пауза замина со предност од 12 поени, но „кнезовите“ имаа неверојатен пад во третиот период во кој постигнаа мизерни два поени, примајќи дури 27.

Српскиот стратег се обиде со неколку различни тактички варијанти во нападот, но со ниту една не успеа да најде лек за одбраната на грчкиот гигант.

„Третата четвртина? Навистина немам објаснување, не знам што ни се случи во овој кобен дел од мечот. Навистина, Олимпијакос го крена нивото на агресивност, а ние делувавме исплашено, што не смееше да ни се случи. Можеби е во прашање неискуството бидејќи за нас ова беше прв фајналфор, додека Олимпијакос веќе го има кревано пехарот во Евролигата“, изјави Саша Обрадовиќ.

Се вчитува...