Кошаркарите на Панатинаикос остануваат перфектни на стартот од сезоната, откако вечерва славеа во емотивниот натпревар за нивниот тренер, Жељко Обрадовиќ.
Панатинаикос до петтиот триумф во петтиот натпревар во Евролигата дојдоа во белградска „Арена“ каде беше совладан Партизан со 55:72.
Навивачите на Партизан му приредија емотивен пречек на Обрадовиќ, го скандираа неговото име во „Арена“, но тренерот на Панатинаикос немаше милост за „црно-белите“.
По израмнетата прва четвртина (16:16), Панатинаикос првиот удар го зададе во втората четвртина која ја доби со 19:12. Дилемите околу победникот беа решени во третата четвртина и тоа со заштитниот знак на Обрадовиќ, одличната игра во одбраната.
Кошаркарите на Панатинаикос го оставија Партизан на само осум постигнати поени, притоа дадоа 20, дојдоа до убедливи 21 поен предност (34:55) и ги разрешија сите дилеми.
Најџел Хејс-Дејвис со 14 поени ја предводеше листата на стрелци кај Панатинаикос, додека во редовите на Партизан, Кевариус Хејс даде десет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
