Обрадовиќ повторно „полуде“ на играч: „Ништо лично, ништо лично…“ (ВИДЕО)

Тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ, беше видно лут на Лефтерис Манцукас за време на натпреварот со Асвел.

Манцукас го изнервира Обрадовиќ, иако генерално одигра добар натпревар, постигнувајќи 16 поени и земајќи шест скока. „Зелените“ беа убедливи во второто коло од Евролигата победувајќи со 102-79.

„Тој беше лут затоа што не ја погодив втората тројка, не затоа што не ја погодив третата. Тренер си е тренер, има огромни успеси. Се обидуваме да слушаме што ни кажува и да го применуваме она што тој го бара од нас на теренот. Понекогаш е малку поинтензивно, но не е лично. Ништо лично. Тука сме за доброто на тимот и сите заедно одиме напред“, рече Манцукас по мечот.

Обрадовиќ очигледно сака Манцукас да шутира што е можно повеќе.

„Досега оди добро. Имаме две победи, исто така имавме и пораз во полуфиналето на Суперкупот против ПАОК. Се обидувам да дадам се од себе секој пат кога ќе стапнам на теренот. Сакам да ја заслужам довербата на тренерот и Панатинаикос да победи“, додаде тој.

Се вчитува...