Обрадовиќ револтиран: Не ме почитувате бидејќи сум Србин?

Тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ е револтиран од третманот кој го добива во Франција. Српскиот стратег не беше ни блиску до освојување на наградата за тренер на сезоната и покрај тоа што неговиот тим првенството го заврши како првопласиран тим, а стигна и до третото место во Евролигата.

Наградата за тренер на годината му припадна на предводникот на Шоле, Лоран Вила што го натера Обрадовиќ на жестока реакција.

„Треба да разговараме за тоа како тренерите се ценат. Не бев ни блиску да бидам тренер на годината во Франција. Како може да се објасни тоа? Прв гласав за Вила, но да не бидам ни блиску? Што е тоа? Каква е тоа однесување? Затоа што сум Србин? Затоа ме тргате на страна? Кој ќе ми објасни? Не го заслужив ова две години по ред“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...