Екипата на Панатинаикос ја оствари петтата победа во петиот натпревар во Евролигата откако вечерва славеше сп 72:55 против Партизан во белградска „Арена“.
Тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ, веднаш по натпреварот ги пофали навивачите на Партизан, популарните „гробари“ поради атмосферата која ја прават на натпреварите во Евролигата.
„Реакцијата на моите играчи беше довра, се бореа дефанзивно. Донекаде моѓжам да ги разберам поради атмосферата. Така е кога се игра на гости, посебно против екипа како Партизан. Со овие навивачи е спеицифично, ова веројатно е најдобриот клуб на светот поради нив“, изјави Обрадовиќ кој пред почетокот на натпреварот имаше фантастичен пречек бидејќи целата сала го скандираше неговото име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
