Обрадовиќ: Спортинг Лисабон е квалитетен тим, но ние знаеме како да играме против нив (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер сакаат да ја продолжат победничката серија во Лигата на Европа на гостувањето кај Спортинг Лисабон. Португалскиот тим во моментот се наоѓа на лидерската позиција во Д со бод повеќе од битолчани.

Бекот на „зелено-белите“ Немања Обрадовиќ е квалитетен тим, но тој верува дека може да се надигруваат со нив. 

„Во овој момент имаме голема самодоверба, иако на тој прв меч со Ним малку лутавме, но сепак сега ја пронајдовме нашата вистинска форма. Спортинг Лисабон е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме со нив. Знаеме како против нив, домашниот терен е можеби нивна предност, но ние одиме подготвени и на победа во Лисабон. Нашата цел ќе биде да не им дозволиме да постигнуваат лесни погодоци, ако тоа го исполниме сигурно имаме шанса да освоиме еден или два бода“, вели Обрадовиќ.

 

Се вчитува...