Тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ утревечер (20.30 часот) за првпат ќе се врати во Белград откако си замина од клупата на Партизан минатата сезона.
Тој не знае како ќе биде дочекан од страна на навивачите, и порача дека не може да влијае на нивната реакција.
„Навивачите на Партизан ќе реагираат така како што чувствуваат и јас тука не можам ништо да направам. Навивачите на Партизан му даваат неверојатна поддршка на својот тим и ќе биде интересно да се види како ќе одиграат моите кошаркари кои за првпат сезонава во Евролигата ќе гостуваат“, вели Обрадовиќ.
По заминувањето на Обрадовиќ од клупата на Партизан во текот на минатата сезона, навивачите на „црно-белите“ постојано го скандираа неговото име за време на натпреварите од Евролигата, па за очекување е легендарниот тренер и клупска легенда да биде дочекан со овации.
Партизан по четири кола во Евролигата има скор од три победи и еден пораз, додека Панатинаикос славеше на сите четири меча досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
