Обрадовиќ везе „српско коло“ – на мекици кај Весели (видео)

Жељко Обрадовиќ е максимално строг кон своите кошаркари за време на натпреварите, но српскиот стручњак покажа и дека знае како да се забавува крај асовите на Фенербахче.

Јан Весели го прославуваше раѓањето на своето дете, а на забавата од шареноликиот репертоар во еден момент почна да „везе“ српско коло. Обрадовиќ ја презеде контролата како ороводец, а по него тргнаа и дел од кошаркарите на Фенер како Мели, Ловерњ и Дувериоглу.

За кошарка ги бива, но за „српско коло“ ќе треба малку повеќе да се испотат. Среќа што и за тоа за „тренер“ го имаат Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...