Обрадовиќ во болница поради компликации од коронавирусот

Легендарниот срспки кошаркар и тренер Саша Обрадовиќ е хоспитализиран поради компликации од коронавирусот, пренесуваат српските медиуми. Обрадовиќ пред четири дена бил примен во болница, а во моментов како што вели и самиот се наоѓа во стабилна состојба.

„Оди на подобро, силен сум јас“, изјавил накратко Обрадовиќ за српските медиуми. 

Процената на лекарите е дека во следните денови треба да биде пуштен на домашно лекување. Последен клуб во кој работеше Обрадовиќ е Црвена Звезда, а претходно беше тренер и на Келн, Киев, Туров, Доњецк, Алба, Локомотив Кубан и Монако.

Се вчитува...