Обрадовиќ за „тренерската вртелешка“ во Европа: Секогаш ќе бидам на страна на тренерите

По само пет кола откако започна Евролигата веќе три тимови ги променија своите тренери. Всушност оваа бројка е четири, ако се земе во предвид и отказот на Серџио Скариоло пред стартот на сезоната. Ваквиот тренд наиде на големи дебати во светот на кошарката.

За минималната трпеливост на клубовите говореше и тренерот на Партизан, легендарниот Жељко Обрадовиќ кој во разговор за српски медиум изјави дека не сака да се меша во работата на клубовите, но додаде и дека со цел да се заштити струката мора клубовите да ги почитуваат договорите.

„Тоа е право на клубовите и луѓето кои одлучуваат за тоа. Ние имаме своја организација, здружение на тренери кое го формиравме пред неколку години со цел да ја заштитиме струката и да се заштитиме самите себе од тие многу брзи и лесни промени. Меѓутоа тоа е како е, секој има право да одлучува за себе. Меѓутоа, постојат договори кои мораат да се почитуваат. Нормално, треба и да им се даде време на тренерите да го вклопат тимот.

Не би сакал да ги коментирам поединечните случаи. Никогаш не би си дозволил себе си да коментирам потези на било кои други тимови или клубови. Отсекогаш сум на страна на моите колеги, тоа е сигурно“, изјави Обрадовиќ за „Спорт Клуб“.

Се вчитува...