Обрван: Најреално ќе беше да поделевме по еден бод со Вардар

Вардар славеше над ППД Загреб во еден крајно интересен натпревар со 20-19 во 12. коло од годинашното издание на ракометната Лига на шампиони.

Тренерот на гостите Ивица Обрван по мечот изјави дека ова бил тежок и тврд натпревар и дека според него најреално ќе било двата тим да поделат по еден бод.

„Му честитам на Вардар за победата. Знаев дека ќе биде тежок и тврд натпревар. Не гледавме убав ракомет, но натпреварот ни ја донесе сета убавина на играта. Им честитам на моите играчи за борбеноста. Мислам дека најправедно ќе беше да поделевме по еден бод, но тоа е што е. Нас тој бод ќе ни значеше поминување во следната фаза. Сметам дека како и да завршеше мечот Вардар ќе одеше понатаму. Направивме технички грешки во финишот и во нервозна завршница останавме без бодот на кој се надевавме. Сепак, кога се ќе се собере како играме во последно време ја сум задоволен од сето прикажано“, изјави Обрван. 

Крилото на ППД Загреб, Мандиќ слично размислува како и тренерот.

„Дефанзивен натпревар за што кажува и самиот резултат. Седум осум минути одигравме лошо и тоа беше грешката во мечот. Не заслуживме да изгубиме. Се боревме многу и дадовме се од себе. Добро го анализиравме Вардар и одлично покривавме во одбраната. Ни следи тежок распоред до крајот со Кил дома и Алборг во гости. Но, ако успеавме да го изненадиме Пик Сегед можеме да дојдеме до бодови и на овие два меча“, изјави Мандиќ. 

Се вчитува...