Очаен интерес за финалето меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами

Лос Анџелес Лејкерс  – Мајами се борат за титулата во НБА лигата. Првиот натпревар од финалната серија мина под доминација на „лејкерс“ кои имаат водство од 1-0 во победи. Но, овој натпревар ќе остане во историјата и поради неден неславен податок.

Првата средба од годинашното финале ја гледале 7,41 гледачи што е најниската бројка откако е вовоедена статистиката за гледаност. Претходниот негативен рекорд од 2003 година го имаше финалето меѓу Њу Џерси и Сан Антонио.

И покрај тоа што во салата нема гледачи, оваа бројка на гледаност е само една третина од гледаноста на првиот напревар од ланската финална серија меѓу Торнто и Голден Стејт. Вториот натпревар од финалето е во сабота кон недела по средноевропско време.

 

 

 

 

Се вчитува...