Очајна последна четвртина на Пелистер за пораз од Подгорица во АБА 2

Екипата на Пелистер го претрпе седмиот пораз во АБА 2 натпреварувањето, откако во салата во Широки Бријег, БИХ, беше поразена од Подгорица со 86-81.

Битолчани беа одлични и имаа водство се до четвртиот период, кога целосно потфрлија, па Црногорците успеаја да се вратат од -10 и на крајот да триумфираат.

Пелистер беше во водство од почетокот на натпреварот, таа разлика ја зголемуваше како одминуваше времето, а на почетокот на четвртиот период се чинеше дека ја имаат контролата на резултатот, откако поведоа со 12 разлика на почетокот (58-70). Меѓутоа следуваше серија на Подгорица од 15-3, што резултираше со пресврт. Оваа серија како да ги турна битолските кошаркари во психолошка „дупка“. Иако успеаја да дојдат до егал 79-79, сепак, следуваше нова серија на Подгорица, од која веќе немаше враќање за конечен триумф.

Се вчитува...