Скромни регуларни 90 минути одиграа Шпанија и Аргентина во толку очекуваното финале на Светското првенство 2026, завршувајќи 0-0, па низ продолженија и евентуално пенали ќе се бара новиот светски шампион.
Шпанците беа подобар тим на теренот со три конкректни обиди кон голот на „гаучосите“ во првото полувреме и уште толку во вториот дел, наспроти очајната Аргентина која иако бранител на светската круна, немаше ниту еден шут кон голот на Шпанија за 90 минути, наспроти 9 шута на „црвената фурија“ во рамките на голот.
Јамал уште во 4. минута по одлична акција имаше можност, но со слаб шут кон аргентинскиот гол, потоа и Ојарзабал во 39. минута имаше обид но лесен плен за Мартинез, и на крај Кукуреља во 44. минута исто имаше шут од добра позиција но покрај голот.
Во второто полувреме повторно Шпанците далеку подобри, но останаа неискористени шансите на Феран Торес и посебно на Лапорт во 81. минута кога аргентинскиот голман одбрани на самата гол-линија, како и Нико Вилијамс во 89. минута.
На крајот во 93. минута, Енцо Фернандез заработи и втор жолт картон, па сосема заслужено доби црвен картон. Аргентинците сега со играч помалку на теренот ќе се бранат до крај, во обидот да дојдат до пенали за одбрана на светската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
