Не личи на себе Ливерпул оваа сезона. Астон Вила вечерва му го нанесе уште еден тежок пораз на тимот од Енфилд во последно време. Тимот од Бирмингем славеше убедлива победа од 4-2 над „црвените“, симнувајќи ги на петтата позиција на табелата, и опасност избраниците на Арне Слот да бидат загрозени од Борнмут и на крај да останат без ЛШ.
До 42. минута немаше погодоци, а потоа почна голеадата. Во самиот финиш од првиот дел Роџерс успеа да донесе предност за домашниот тим.
Ван Дајк во 52. минута израмни, и се чинеше дека Ливерпул ја презема контролата. Но, само пет минути подоцна на сцена стапува Воткинс. Најпрво носи нова предност, а потоа истата ја зголемува во 73. минута на 3-1.
Спектакуларен гол постигна МекГин во 89. минута откако ја смести топката во горниот лев агол од голот на Мамардашвили. Веднаш потоа Ван Дајк успеа да намали, но тоа не му помогна на Ливерпул, затоа што поразот беше неизбежен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
