Очекувано: Чус Матео тренер на сезоната во Евролигата

Тренерот на Реал Марид, Чус Матео очекувано ја освои наградата за најдобар тренер на сезоната во Евролигата по фантастичната сезона во која го предводеше својот тим до првата позиција на табелата во регуларниот дел, а потоа и до „метла“ во четвртфиналната серија против Басконија.

За младиот тренер кој втора година го предводи Реал Мадрид од тренерското место тоа е прва нагарда од овој вид. Претходната сезона таа му припадна на грчкиот стратег Јоргос Барцокас.

Се вчитува...