Манчестер Сити очекувано прокнижи нови бодови на премиерлигашката табела по триумфот од 2-0 над Њукасл. „Црно-белите“ немаа никаква шанси за изненадување против „граѓаните“, без оглед на фактот дека домаќините беа ослабени поради неиграњето на Кајл Вокер и Габриел Жезуз, кои без позитивни на последните тестирања за Covid-19.
Победата беше најавена уште во првото полувреме, кога Гундоган биеше прецизно на асистенција на Рахим Стерлинг. Конечните 2-0 на почетокот од второто полувреме ги постави Феран Торес.
Евертон во вториот вечерашен натпревар славеше како гостин на дуелот со „фенерџијата„ Шефилд Јунајтед (0-1), благодарение на погодокот што во самиот финиш го постигна Сигурдсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА