Од Барса реакции: Реал да беше прв досега ќе беше прогласен шампион…

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гашпар се впушти во сериозни критики кон раководството на Примера поради одлуката во само 32 дена, од 11. јуни до 12. јули, да се доигра актуелната сезона.

„Тоа е затоа што Барселона е на врвот во моментов. Да беше Реал Мадрид на чело на табелата 100% сум сигурен дека досега сезоната ќе беше затворена, прогласена за завршена, а Реал прогласен за шампион“ – вели Гашпар.

Поранешниот прв човек на каталонскиот тим, меѓу другото, нагласува дека да бил тој со задоволство би го вратил Нејмар од ПСЖ.

„Не знам што се пишува, со мали букви, во неговиот договор со ПСЖ, но би му простил што си замина. Тој уште многу може да даде за Барселона. Да сум претседател би го вратил на Камп Ноу“ – вели Гашпар.

Се вчитува...