Од Бетис револтирани по поразот од Реал Мадрид: Против некои работи не можеш да се бориш!

Реал Мадрид го совлада Реал Бетис со 2-3 во третото коло во шпанската Ла лига. Трилер натпревар во кој „кралевите“ играа со фудбалер повеќе, а решавачкиот гол го постигна Серхио Рамос, откако беше досуден еден сомнителен пенал. Фудбалерот на тимот од Севилја, Ајса Менди по мечот изјави дека ќе се воздржи од погруб вокабулар како не би бил казнет од Ла лига.

„Постојат работи кои во моментов не можам да ги кажам, а исто така постојат и работи против кои не можеш да се бориш“, изјави Менди. 

Реал Мадрид по два одиграни натпревари има освоено четири бода, откако минатото коло ремизираше со Реал Сосиедад (0-0).

Се вчитува...