Во Гостивар револтирани на судијата Стојчевски: Не ги прифаќаме казните за Муарем, Тимовски и Газелчи

Гостивар ги доби казните за своите членови по покажаните црвени картони на мечот против Струга ТЛ во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот Муарем Муарем доби суспензија од четири меча, Рамиз Газелчи заработи суспензија од три месеци, а фудбалерот Ангелче Тимовски е суспендиран два натпревари.

Но, од Гостивар се револтирани од главниот судија Игор Стојчевски кој, сметаат, ги оштетил на дуелот со неправедните исклучувања.

„Поради незаслужените црвени картони кои беа изречени на нашите фудбалери и тренери, Ангелче Тимовски е суспендиран на два меча, Муарем Муарем на четири натпревари, додека Рамиз Газелчи на три месеци. Клубот не ги прифаќа овие казни и ќе се жали на оваа одлука“ – се вели во соопштението од Гостивар.

Се вчитува...