Од Италија стигнаа убави вести за фудбалската репрезентација на Хрватска

За прв пат по операцијата, Модриќ се појави во Миланело, а италијанските медиуми не објавија дали 40-годишниот хрватски фудбалер правел некаков тренинг или само ги посетувал своите соиграчи.

Модриќ се повреди на 26 април на натпреварот помеѓу Милан и Јувентус по судир со противничкиот играч Локатели. Набргу потоа, тој беше подложен на операција на јаболчницата, а првите информации од Милан велеа дека сезоната на Модриќ е завршена.

Во последните денови, од Милано почнаа да пристигнуваат различни информации, според кои е можно Модриќ да се врати на теренот пред крајот на сезоната. Пристигнувањето во Миланело, според италијанските медиуми, е дополнителен чекор кон побрзо враќање на хрватскиот играч од средниот ред.

Оваа информација е одлична за Хрватска со која легендарниот фудбалер ќе го има последниот танц на шампионатот во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...