Реал Мадрид од самиот старт на сезонава се мачи со бројни проблеми со повредите на стандардни првотимци, а кошмарната ситуација за Карло Анчелоти дополнително се искомпликува откако Винисиус не можеше да го доврши мечот меѓу Колумбија и Бразил.
Самиот напаѓач веднаш по натпреварот изјави дека повредата не делува наивно, а деталните прегледи го потврдија тоа, па Бразилецот ќе мора да отсуствува најмалку два месеци од терените.
„Лекарските прегледи покажаа напукнување на бицепсот на левата нога, при што е зафатена и тетивата. Тој ќе мора да отсуствува два месеци од тренажниот процес и натпреварите на Реал“, се огласи лекарскиот тим на „кралевите“.
Само за потсетување, на почетокот од оваа репрезентативна пауза незгодна повреда заработи и Едуардо Камавинга, кој ќе паузира најмалку до почетокот на 2024 година, пауза каква што му е препорачана и на Чуамени, а од самиот старт на сезонава потешко повредени се Куртоа и Милитао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА