ОД МОЈ АГОЛ – Игор КОТЕВСКИ: Со ваков Борко може и Шпанија да ја победиме!

Во желбата за што поголемо доближување до играта на ракометната репрезентација, ЕКИПА преку стручните анализа на поранешни македонски репрезентативци ќе се обиде од еден посебен агол да ги издвои квалитетите и недостатоците, предностите и мааните во однос на противниците, очекувањата од овој национален тим. На стартот, натпреварот против Јапонија за Вас го анализита актуелниот тренер на РК Бутел, Игор Котевски…

=====================================================================================================

Првите натпревари секогаш се тешки. Одигравме многу паметно, многу искусно. Одлични пикери, одлична игра на сите. Со ваков голман ние и Шпанија ќе ја победиме. Борко има огромна заслуга за оваа прва победа и мислам дека тоа беше клучниот елемент на овој натпревар.

Не ни одговараат противници како Јапонија. Јапонците играат брза игра со брз центар, многу трчаат, но ние успеавме тоа паметно да го решиме.

Се гледа дека стручниот штаб направил добра анализа, добро е простудиран противникот и одговорено е најсоодветно. Ние сепак, сме искусна екипа. Ова ќе биде Светско првенство на кое пикерите ќе покажат колку се добри, Стоилов и Пешевски се одлични на линијата.

Мислам дека со ваков противник како Јапонија не може ни многу да се мери играта и потенцијалот, но во секој случај, исклучително е важно да се стартува со победа и да се искористи секоја шанса. Македонија има искусна репрезентација која знае да се носи со тој притисок, голманите ќе имаат исклучително важна улога, а од натпревар во натпревар мислам дека и на друите позиции ќе функционираме оптимално.

Од тренерско – тактички дел, Раул Гонзалес целиот натпревар го одигра со 10 играчи, првата седморка и плус Мартин Поповски, Жарко Пешевски и Филип Лазаров кои влегоа подоцна. Паметно одиграно и во сегментите кога Македонија играше „7 на 6“.

Ова сепак, е прв натпревар и не може многу да се проценува, но првиот впечаток е исклучително позитивен. Ова е Светско првенство и за нас секоја победа е голем успех. Играше на сигурно и мислам дека тоа е исклучително паметен потег.

Сумирано, видовме одличен ракомет. Помалку или повеќе, добри беа сите.  Одигравме искусно и паметно, одлични пикери, голман фантастичен, победата заслужена!

Се вчитува...