Од Роналдо до Пике и Касилјас… сите наградени на „Globe Soccer Awards“

Погледите на светската фудбалска јавност вечерва беа свртени кон Дубаи, каде беа доделени традиционалните награди на „Globe Soccer Awards“. Овојпат шоуто беше со „проширена програма“ бидејќи покрај наградите за најдобрите во 2020 година, беа доделени и супер-признанија за најдобрите во светот на фудбалот во 21. век.

За најдобар фудбалер на векот е избран Кристијано Роналдо пред Меси и Роналдињо, додека наградата за тренер на векот заврши во рацете на Пеп Гвардиола, кој ја победи силната конкуренција составена од Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Зинедин Зидан. Жорге Мендеш беше избран за фудбалски агент на векот, а за тим на векот е избран Реал Мадрид, пред Ал Ахли, Баерн Минхен и Барселона.

Најдобар фудбалер за 2020 година е Роберт Левандовски, најдобар тренер Ханси Флик, а за тим на годината беше избран Баерн, пред Ливерпул и Реал Мадрид.

Воедно, на вечерашната церемонија награди за беспрекорните кариери добија двете шпански фудбалски легенди, Жерар Пике и Икер Касилјас.

Се вчитува...