Од рубриката верувале или не – Судија во Србија додели црвен картон на својот помошник

Неверојатна ситуација која можеби треба да влезе во рубирката „верувале или не“ ни доаѓа од Србија. На натпревар од шестото коло во втората кадетска лига меѓу Млади Борац и Рудар главниот судија му додели црвен картон на својот помошник.

Натпреварот го добија гостите со 1-2, а главниот судија Предраг Которчевиќ во 72. минута му додели црвен картон на помошникот Даниел Милутиновиќ, кој по кратка расправа со него го напушти теренот. Вториот помошник Марко Милутиновиќ кој не е во роднинска врска со Даниел од солидарност го напушти теренот, по што главниот судија до крајот сам го судел мечот.

Судиската тројка поради инцидентот добила казна од општинскиот сојуз во траење од четири месеци.

Се вчитува...