Од Вардар револтирани: Клубот ќе биде преоптоварен следната сезона, а ќе мора да играме во Македонија од почеток!

Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски на крајот од денешната средба со медиуми искажа разочараност од одлуката најтрофејниот македонски клуб следната сезона од самиот почеток да игра и во македонскиот шампионат нагласувајќи дека „црвено-црните“ во сезоната 2021/22 би имале 75 официјални натпревари, не вклучувајќи ги настапите на ракометарите за репрезентацијата.

„Тоа е навистина премногу. Вардар има 14 титули во Македонија, а сите други 14, па не заслужува клубот ваков третман. Апсолутно не е во ред што титула славевме во мала сала на натпревар на кој не дојде генерален секретар да ни ги даде медалите. Јас бев во РФМ и во Вардар, па секогаш на Металург џентлменски им го доделував трофејот. Некако мора да се размисли на односот кон Вардар, затоа што Вардар е институција во македонскиот ракомет“ – истакна Михајловски поделувајќи и соопштение до медиумите за бројот на натпревари кои клубот ќе ги има следната сезона.

СООПШТЕНИЕТО ОД РК ВАРДАР ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Се вчитува...