ОД ВРВОТ ДО БЕЗДНАТА: Беспрекорно прво и очајно второ полувреме за пораз од Украина! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација доживеа неверојатен натпревар кој само црвено-жолтите очигледно може да го режираат, за пораз од Украина од 2-3 на арената „Тодор Проески“ во 2. коло од квалификациите за ЕП 2024. Од феноменално прво полувреме во кое имавме предност и од 2-0, до пораз за неверување по три гола на Украинците во второто полувреме.

Македонската репрезентација одигра извонреден прв дел. Уште од самиот почеток на дуелот со начинот на игра, активната доминација и постојаниот притисок кон голот преку обидите од далечина на Трајковски, Адеми и Несторовски беше јасно дека Македонија е цврсто решена на позитивен резултат против Украинците.

Се вчитува...