ОДБОЈКА – ЛОИ: Аргентина ја изненади Франција, Канада исто така Иран

Ден на изненадувања на машкиот одбојкарски турнир на Летните олимписки игри во Токио. Во маратонски меч во пет сета, Аргентина која одигра добро и во првите две кола против, Русија и Бразил славеше над фаворизираната Франција со 3-2, по сетови 23-25, 25-17, 25-20, 15-25 и 15-13.

Изненадување ни донесе и првиот меч од денешната програма во кој Канада изненадувачки лесно со максимални 3-0 (25-16, 25-20 и 25-22) над Иран кој го отвори турнирот со две победи.

Единствен кој ја оправда фаворитската улога е САД кој иако изгуби сет, го совлада Тунис со 3-1 (25-14, 23-25, 25-14 и 25-23).

Се вчитува...