Одбојкарскиот шампион Струмица е голем чекор назад од Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен во салата „Парк“ загубија од Олимпијакос со убедливи 0-3.
Грчкиот тим лесно ги доби сите три сета, во кои Струмица не стигна до повеќе од 16 поени, кои ги имаше во вториот сет, а во првиот и во третиот имаше 15 поени. Олимпијакос и пред мечот ја имаше фаворитската улога, и целосно ја оправда.
Реваншот е идната недела, односно на 24 септември во Атина, но тешко е да се очекува дека Струмица, која за новата сезона се засили со неколку репрезентативни имиња, ќе успее да направи сензација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА