Одбојкарите потклекнаа пред Данска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Данска со 0-3 (21-25, 23-25 и 24-26) во последниот натпревар од првиот турнир во Европската сребрена лига. „Спартанците“ вечерва не беа на посакуваното ниво нешто што го искористија Данците и стигнаа до трет триумф.

Избраниците на Матијашевиќ заминуваат за Данска каде следниот викенд ќе се одигра вториот турнир од групната фаза во Европската сребрена лига.

 

 

Се вчитува...