Одбојкарите заминаа за Тарагона на Медитеранските игри

Најдобрата машка одбојкарска репрезентација прва од екипните спортови тргнува на пат за Тарагона на Медитеранските игри кои ќе се одржат во периодот 22 јуни до 1 јули 2018 година. Тие го имаат првиот натпревар на 22 јуни со почеток во 12.30 часот против соодветната репрезентација на Египет, додека следниот меч е ден подоцна против одбојкарите на Шпанија.

По четвртото место освоено на Ф4 турнирот од Сребрената Европска лига што се одржа во Скопје, македонските одбојкари ќе имаат шанса за силни мечеви и на Медитеранските игри. Тие се наоѓаат во натпреварувачки ритам и може да се очекуваат успешни резултати.

Се вчитува...