Oдбојкарките со пораз од Грузија го завршија настапот во Сребрената европска лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот во годинашното издание на Сребрената европска лига.

Во последниот натпревар од лигашкиот дел нашите одбојкарки загубија од репрезентацијата на Грузија со 3-1, по сетови 20-25, 25-21, 25-23 и 25-22.

Нашите девојки ова издание на Европската лига го завршија со скор од две победи и четири порази што е солиден учинок за репрезентација која е во создавање. Следен предизвик за нашите девојки се квалификациите за Европското првенство и натпреварите со Грција и Австрија кои се закажани за 03. односно 09. август.

Се вчитува...