Одбојкарска асистенција на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ уште еднаш ги покажа своите плејмејкерски способности. Во победата над Шарлот (111-93), кошаркарот на Денвер имаше 13 поени, 11 скока и шест асистенции, од кои една посебно се истакна.

Во текот на првата четвртина српскиот кошаркар без размислување само ја додаде топката во спротивниот агол без воопшто да погледне во таа насока.

Сепак, тој имаше соиграч таму. Тоа беше Пејтон Вотсон, кој остана сам и погоди за три.

Се вчитува...