Одбраната пред нов предизик – како да се запре Здрахала

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија ја очекува нов предизвик на овој европски шампионат, а фокусот на нашите играчи во одбраната сигурно ќе биде на Ондреј Здрахала, одличниот среден бек од кого зависат многу работи во играта на чешкиот национален тим.

Здрахала игра извонредно на ова ЕП, подеднакво е опасен при шутевите како и со продорите на шест метри со кои изнудуваа многу пенали, но и со асистенции до соиграчите. На своја кожа тоа најдобро го почувствуваа Данците, на кои Здрахала им постигна фантастични 14 погодоци. Со одличните игри во Загреб тој си ја врат лидерската улога откако отсуствуваше извесен период поради повреда, па не настапи на последниот дуел во Скопје што нашата селекција го доби со 13 гола разлика.

Севкупно гледано Здрахала има постигнато 29 погодоци, со што е најдобар стрелец на оваа репрезентација, пред крилото Чип со 14 и бекот Хорак со 12 поени. Голманот Мрква бранеше одлично со Германија, но се најавува дека на голот против Македонија ќе застане Галија, чувар на мрежата кој традиционално им создава бројни проблеми на нашите ракометари во меѓусебните дуели со Чесите.

Здрахала е одличен ракометар од кого зависат многу работи во играта на Чешка, но би било погрешно фокусот да се насочи само кон него. Добро го анализиравме противникот и ќе сториме се за да ги неутрализираме неговите главни оружја“ – порачуваат македонските ракометари во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...