Одекна првата зимска „бомба“: Кавани се сели од Манчестер во Барселона?!

Кристијано Роналдо пристигна во Манчестер и покажа дека е шеф и недопирлив, а Единсон Кавани по се’ изгледа ќе биде првата ’жртва’ на Португалецот во Јунајтед. Едисон минатата сезона можеше да се бори за повеќе минути покрај Ентони Марсијал, но ова ќе биде практично невозможно во новата сезона.

Кристијано Роналдо е прв напаѓач, што значи дека нема да има било каква конкуренција во нападот на „црвените ѓаволи“. Точно е дека Кавани беше надвор од терените поради повреди, но и сега кога се врати, одигра само неколку минути во финишот кога Јунајтед го бркаше резултатот против Вила.

Токму поради ваквиот развој на настаните, Жоан Лапорта се јавува како прв заинтересиран кандидат за Кавани, напаѓач кој би го засилил ранливиот тим на Барса во зимскиот трансфер период! Каталонците имаат проблеми во нападот, Лук де Јонг дојде последниот ден од преодниот рок, но се уште ја бара својата посакувана форма. Лапорта го гледа Кавани како привремено решение, бидејќи има во план да инвестира многу пари во нападот следното лето, кога ќе се обиде да го доведе Ерлинг Халанд.

Барса, исто така, се обиде да го донесе Кавани на позајмица на 31. август, но Јунајтед одби. Каков ќе биде расплетот на Кавани меѓу Барса и Јунајтед останува да почекаме до јануари.

Се вчитува...